Проколната кукла - семејството преживеало пекол, повикале жена што разговара со ангели

Семејство од Перу тврди дека седум години ги тортурира една кукла. Семејството Нуњез тврди дека биле сведоци на различни паранормални активности од русокосата кукла со име Сарита. Ивон Нуњез, мајка на три деца, вели дека куклата ја добиле на подарок од внуката, која во меѓувреме починала. Семејството тврди дека чудни работи почнале да се случуваат откако внуката починала.

-„Не можевме да се ослободиме од куклата, бидејќи ни беше единствен спомен од покојната внука.“- вели Ивон.

Кога на куклата ќе се притисне копче почнува да се моли со „Оче наш“. Семејството тврди дека куклата, по смртта на девојчето почнало да се моли сама од себе, без да се притисне копчето. Тврдат дека неколку пати пред спиење ја оставале во еден агол од домот, а наутро ќе ја најделе на маса, кауч или на некое друго место. Велат дека децата наутро се буделе со модринки и гребаници, уверени дека има ги нанела куклата. 

-„Секоја ноќ ми се чини дека некој ме гледа зад аголот.“- вели Енџи, детето на ова семејство. Вели дека таа и нејзините тројца браќа сакаат да се ослободат од куклата, но нивната мајка не го сака тоа. Мајката повикала жена која разговара со ангели, која рекла дека чувствува присутност во домот, а верува дека тоа е внуката која починала.

 

 

 

18.05.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега