Заев ја прифати платформата на Иванов

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.  Претседателот го додели мандатот откако Заев конечно потпиша гаранции за заштита на суверeнитетот на државата.

Заев истакна двете пречки за доделување на мандатот се отстранети додавајќи дека испратил до Иванов изјава во форма на гаранција за зачувување на уставниот поредок и унитарноста на Република Македонија.

Врачувањето на мандатот следува откако претседателот Иванов доби известување од собранискиот спикер Талат Џафери дека е формирано парламентарно мнозинство.

– Пречките за состав на Владата се отстранети. Денеска пристапуваме кон исполнување на член од Уставот за определување на мандатар за состав на Владата, рече во краткото обраќање претседателот Иванов.

Зоран Заев се заблагодари и посочи дека се остранети двете пречки за доделување на мандатот, односно претседателот на Собранието Талат Џафери испрати писмо до претседателот Иванов за формираното парламентарно мнозинство, а тој како манадатар испорачал изјава во форма на гаранција.

– Во име на формираното парламентарно мнозинство прво гарантираме заштита на унитарноста, сувернитетот, територијатниот интегритет, независноста и мултиетникност, заштита на уставниот поредок и на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани без оглед на религиска, етничка и јазичка припадност, почитување на основните демократски принциипи и владеење на правото, не доведувајќи ја Македонија во состојба на потчинетост, истакна Заев.

Новиот мандатар Зоран Заев, според Уставот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата.  Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници на коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.

 

 

 

 

 

17.05.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега