Иванов го врачи мандатот на Заев за формирање нова влада
Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, го додели мандатот за составување нова Влада на лидерот на СДСМ, ЗОран Заев.
Заев даде писмена гаранција која веќе е доставена во Кабинетот на Иванов.
- Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, независноста и мултиетничноста на Македонија. Заштита на државните интереси и унапредување на сите граѓани без оглед на етничката и религиската припадност, изјави Заев.
17.05.2017 - 12:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа