Најскапите дијамантски обетки продадени за 57 милиони долари

Обетки направени од два дијаманти, син и розов, се продадени во Женева за рекордни 57 милиони долари на аукција.

Експертите оцениле дека двата дијаманти се едни од хемиски најчистите поради што имаат висок степен на оптичка прозрачност, соопштија од аукциската куќа.

Синиот дијамант наречен „Apollo Blue“ е најголемиот дијамант од таа категорија кој некогаш е понуден на аукција со 14,54 карати.

Другиот, розовиот дијамант, наречен „Artemis Pink“ има 16 карати. Името на купувачот на најскапите обетки не е соопштено.

 

 

 

17.05.2017 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега