Хојт Ји: Иванов да му го даде мандатот на Зоран Заев
Американскиот дипломат Хојт Ји, кој деновиве е во посета на Балканот изјави дека верува дека претседателот Ѓорге Иванов треба да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Хојт Ји во интервју за сајтот „Балкан инсајт“ вели дека доделувањето на мандатот на Заев би била „вистинската работа".
- „Претседателот, со кого се сретнав и остварив многу добар разговор, ги разбира нашите очекувања. Ние очекуваме владата, претседателот, да го направат она што е потребно за да се задоволат демократските норми“, изјави Ји во интевјуто, додавајќи дека е неопходно Македонија да се движи напред.
Хојт Ји неодамна беше и во посета на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа