УХМР повторно најави невреме - до кога ќе има дожд и грмежи?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни, особено во западните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Повеќе врнежи се очекуваат во јужните и западните делови на земјава.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со дожд кој повремено ќе биде пороен и проследен со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 19 степени.

Од четврток до сабота ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Нов влажен бран се очекува в недела.

 

 

 

17.05.2017 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега