Змија влегла во Клинички центар кај трудниците

Во клиничкиот центар во Подгорица вчера настанала вистинска драма кога на четвртиот спрат, на одделението за гинекологија пронашле змија. По повикот на пожарникарите кои веднаш дошле, околу 16 часот бил пронајден смок.

Вработените дознале дека змијата влегла во нивното одделение откако еден од жителите на Подгорица, кој дошол во посета на пациент, ја забележал во ходникот.

За среќа, пожарникарите брзо реагирале и ја фатиле змијата која се криела под ормарот во библиотеката.

Станувало збор за смок кој не е отровен, рекле пожарникарите.

Директорката на Клиничкиот центар, Зорица Ковачевиќ вели дека не знае како змијата дошла до четвртиот спрат, но дека веднаш биле преземени мерки за нејзино фаќање.

 

 

 

16.05.2017 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега