Две несреќи во Скопје: Работници паднаа од висина, веднаш однесени во болница

Во 10 часот и 58 минути во ЕИК Скопје било пријавено дека во Ургентен центар Скопје бил донесен повреден 51-годишниот П.Ј. од Скопје, кој работел на објект во изградба на улица „Рузвелтова“.  Истиот паднал од висина и се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така, во 15 часот и 50 минути во ЕИК Скопје, Б.Н пријавил дека на булеварот „Никола Карев“, во објект во изградба, 22-годишниот С.Б. од Генерал Јанковиќ-Косово паднал од висина. Истиот со Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. 

 

 

 

 

16.05.2017 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега