Турчинка со полиција ќе биде однесена на „Александар Велики" - преживеала хорор

Во текот на вчерашниот ден во 14 часот и 50 минути во Полицијата во Струмица, 46-годишниот А.П.  од селото Дорфулија, општина Лозово, пријавил дека 26-годишната Л.Б. од селото Баница и ја земал патната исправа на 22-годишната Р.А. од Република Турција и не и дозволувала да си оди за Република Турција.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што утврдено било дека во куќата на Л.Н., се наоѓа Турчинката, а истата, откако ги забележала полициските службеници, се стрчала кон нив и побарала помош, додека Л.Б. во присуство на полициските службеници и ја вратила патната исправа.

На Р.А. и е обезбедено сместување во хотел, а денеска со авионски лет од Аеродром „Александар Велики“ ќе биде вратена во Република Турција.

Во консултација со Основно јавно обвинителство против Л.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за „противправно лишување од слобода“.

 

 

 

16.05.2017 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега