Студио 2: Анализа на најновата анкета на ИРИ
Илина Мангова од Американскиот републикански институт ИРИ беше гостин во Дневникот на Сител.
Последната анкета спроведена од ИРИ од 2 до 12 март 2017. година, покажува дека главни проблеми се локалната економија, локалната невработеност и инфраструктурата. Проблем се и водоснабдувањето и урбаниот развој, како и корупцијата, здравството и јавната хигиена. Тоа го сметаат сите етнички заедници во Македонија. Според неа, се очекува на локалните избори да се решат локалните проблеми.
Анкетата покажува дека граѓаните потешко ги судат градоначалниците според политичка партија, а се очекува промена во носителите на извршната власт.
Исто така, анкетата покажува дека нема промена во довербата за партиите. Трендот на поддршка се очекува да продолжи. Граѓаните очекуваат од сите партии да дојде крај на кризата.
И поддршката на ЕУ и НАТО и понатаму е висока, според анкетата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа