Македонски пратеници се потпишуваат за формирање Голема Албанија

 

Македонски пратеници се потпишуваат на петицијата на Кочо Динај за создавање на Голема Албанија, јавува Дневник. 
Директорот на албанскиот Инситут за регионални прогнози и основач на движењето „Природна Албанија“ Кочо Динај за весникот вели дека ќе бидеме изненадени од бројот на собранието потписи.

„До 28 ноември годинава, ќе се изненадите колку многу потписи ќе бидат собрани за поддршка на идејата за обединување на Албанците на една територија – во границите предвидени со акт од пред 100 години, за време на Собранието на Влора (Валона) во 28.11.1912“ - вели тој за весникот.

Динај пред еден месец ја започна акцијата за собирње на потписи за формирање на Голема Албанија во која треба да влезат и територии од денешна Македонија.

Кој од пратениците на ДУИ и ДПА се потпишал на неговата петиција, од Тетово и од Мала Речица не сакаат да коментираат за Дневник

16.08.2013 - 22:41

најчитано сега