Анкета ИРИ: 30% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ работи најнапорно, 40% дека е најактивна во нивните населени места

 

Речиси 30 од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која работи најнапорно за да ја добие нивната поддршка, додека 40 отсто сметаат ВМРО-ДПМНЕ е најактивна партија во нивните населени места.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена преку интервјуа лице-во-лице врз репрезентативен примерок од 1.108 граѓани во периодот од 4 до 12 март годинава.

На прашањето која партија најнапорно работи за да ја добие поддршката од граѓаните, 29 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, 13 отсто СДСМ, 7 отсто ДУИ, 6 отсто БЕСА, ДР- ДПА и ДПА по 2 отсто.

Граѓаните во анкетата велат дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна партија во нивните населени места. Вкупно 40 отсто од испитаниците во анкетата се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна партија, а потоа следат СДСМ со 11 отсто, ДУИ 9 отсто, БЕСА 6 отсто.

 

 

 

 

15.05.2017 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега