Анкета ИРИ: На локалните избори 27 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ - 16 за СДСМ

 

Мнозинството граѓани на Македонија ќе гласаат на локалните избори, а најголема поддршка би добила ВМРО-ДПМНЕ, а по неа СДСМ, ДУИ и БЕСА, покажуваат резултатите од анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена преку интервјуа лице-во-лице врз репрезентативен примерок од 1.108 граѓани во периодот од 4 до 12 март годинава.

На прашањето колку сте расположени да гласате на претстојните локални избори 61 отсто од испитаниците рекле дека се многу расположени, 21 отсто се расположени, а пет отсто нерасположени за гласање.

Од испитаниците, 28 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, 16 отсто за СДСМ, ДУИ би го поддржале 8 отсто, БЕСА 7, Алијансата за Албанците и ДПА по 2 отсто, ГРОМ и ЛДП по 1 отсто.

Четириесет и четири отсто од испитаниците сметаат дека треба да има предвремени парламентарни избори, 41 отсто дена не треба, а 15 отсто не знаат.

Доколку се одржат предвремени парламентарни избори, 59 отсто од испитаниците би биле многу расположени да гласат, 18 отсто би гласале, а 7 отсто не се расположени да гласаат.

Доколку има предвремени парламентарни избори, За ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентрани избори би гласале 27 отсто од испитаниците, 17 отсто за СДСМ, по 7 отсто за ДУИ и за БЕСА, а по 2 отсто за Алијансата на Албанците и за ДПА.

На прашањето кои се двата најсериозни проблема со кои се соочува Македонија, 45 отсто од испитаниците одговориле моменталната политичка состојба и политичката криза, 37 отсто ја истакнале невработеноста, 23 отсто лошиот стандард на живеење, а 18 отсто економската криза. За 7 отсто проблем е националното неединство предизвикано од тиранската платформа, а за 6 отсто интеретничките односи.

На прашањето, пак, дали претседателот Ѓорге Иванов треба да го даде мандатот за формирање на владата на новото парламентарно мнозинство, 58 отсто од испитаниците одговориле позитивно, 22 отсто се против, за 12 отсто зависи од последиците што ќе ги предизвика за земјата, за 5 отсто зависи кој ќе биде мандатар, а 10 отсто немале одговор.

 

 

 

15.05.2017 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега