Абонго Малик Обама на гости кај српскиот претседател

Најстариот полубрат на американскиот претседател од денеска е во посета на Србија каде ќе се сретне со српскиопт претседател Томислав Николиќ, јави српски Данас.

Блиц пишува дека прес службата на претседателскиот кабинет потврдила дека средбата Николиќ - Обама ќе се одржи утре.

Посетата на Абонго Малик Обама на Балканот започна со Скопје. Неформалниот портпарол на африканскиот дел од семејството Обама изјави дека е воодушевен од македонија, храната, времето и жените. Неговите домаќини- Балканскиот клуб на ,мирот му доделија и награда за мир. Малик Обама во Скопје не оствари средби со претставници на државниот врв.

најчитано сега