Груевски: Изборот на Џафери е неуставен и неделовнички
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакна дека и да сакаат не можат да го признаат Талат Џафери за претседател на Собранието бидејќи, како што рече, човекот е „избран“ насила со кршење на Уставот, кршење на Законот, кршење на Деловникот на Собранието, вон сите правила и процедури.
– Тој е во моментов, а веројатно така ќе остане и понатаму узурпатор на позицијата претседател на Собранието. Тој за нас може да биде само пратеник, тука е избран легитимно од граѓаните и ние тоа не го оспоруваме. Но, претседател на Собрание не може да биде наречен затоа што е избран на целосно незаконски, неуставен и неделовнички начин, изјави Груевски по увидот на градежните активности на Градскиот стадион Филип Втори во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа