ВМРО-ДПМНЕ бара одржување на локални избори во најбрзо можно време- предложи три термини
Го повикуваме парламентарното мнозинство веднаш даствори услови за распише на локалните избори и да го овозможи работењето на советите на општините и на градоначалниците во овој меѓупериод. Ние како партија сметаме дека граѓаните час поскоро да добијат можност да ја изберат новата локална власт и предлагаме локалните избори да се одржат во најбрз можен рок, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Првиот термин кој сметаме дека е соодветен за одржување на брзи локални избори согласно интересите на граѓаните би бил 2 јули, доколку парламентарното мнозинство не е спремно за брзи локални избори во јули вториот термин кој што е прифатлив е средината на септември, односно одржување на 17 или 24 септември. Доколку парламнтарното мнозинство не е спремно и во средината на септември, тогаш третиот датум кој што сметаме дека е соодветен е локални избори на 15 октомври, но напоменуваме дека секој подалечен рок за одржување на локалните избори би создал поголеми негативни последици за општините и би нанесол поголема штета на интересите на граѓаните по однос на локалната самоуправа, вели Милошоски.
Милошоски вели дека секој обид неразумно да се одовлекуваат локалните избори и да се блокира мандатот на општините а со тоа и да се загрозат интересите на граѓаните би се толкувал како обид за бегање од избори односно бегање од избори.
-ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи секој предлог кој ќе го предложи парламентарното мнозинство и се надеваме дека тоа ќе биде што поскори брзи и ефикасни парламентарни избори за да може локалната самоуправа како уставно право на граѓаните да не трпи голема штета, истакна Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа