Гостиварчанец загинал со автмообилот на својата мајка

Во тешка сообраќајна несреќа во Италија, животот го загубило 19-годишно момче од Гостивар кое со семејството живеело во Сера де Конти.

Станува збор за Алил Авдиу, кој заедно со уште две девојки изегол да се прошета со автомобилот марка „Фиат Пунто“ сопственост на неговата мајка.

Телото на момчето било пронајдено повеќе метри од местото на несреќата.

Според италијанските медиуми на кои се повикуваат албанските, возилото во еден миг изгубило контрола и удрило во електричен столб. Од силниот удар автомобилот бил поделен на два дела.

Во несреќата заедно со Авдиу животот го загубила и 15-годишната Вердес Беатриче со романско потекло од Грузија. Тешко била повредена 20-годишна девојка од Италија, која е во болница и се бори за живот. Лекарите изјавиле дека шансите да преживее се минимални

16.08.2013 - 21:07

најчитано сега