Андонов за Сител: Сценаристот го мобилизира цел Запад да го скрши отпорот на ВМРО-ДПМНЕ, но не успеа

 

Сценаристот го мобилизирше речиси целиот западен свет за да го победи отпорот кој 3 години ги даваше ВМРО , но и во овие услови ВМРО и Македонија победија на изборите смета универзитетскиот професор  Оливер Андонов. Коментирајќи ги случувањата во Собранието и изборот на претседател, Андонов пишува

„Доколку узурпаторот Талат беше избркан од канцеларијата која ја исто како и функцијата со која лажно се претставува ја узурпираше, ќе работеше од друга канцеларија. Доколку не со актуелните, Талат со помош на некои поддржувачи на узурпаторот ќе извадеше нови печати. Ова е повеќе од очигледно, бидејќи зад него застанаа огромни сили со цел да остварат успех во нивната операција против Македонија, очигледно по секоја цена.“  пишува на својот ФБ профил универзитетскиот професор, Оливер Андонов.

Според Андонов тие центри на моќ во недостиг на демократски и правни аргументи немаа избор и ги прекршија уставот, законите, деловникот, а со тоа и демократијата и принципот на владеење на правото за што декларативно толку многу се залагаат што во своето “посветување на почитување на правото” толку добро го научија нивниот пулен СДС кој дури во таа насока најавува разрешување на сите и на се во судовите и правосудствот, пишува професорот.

Политичкиот аналитичар и историчар Никола Србов, пак пишува , за сите оние кои мислат дека Груевски попуштил, тој стана синоним на отпорот кон надворешните притисоци.

„Груевски даде отпор и цела деценија ја бранеше државата од операцијата на меѓународната заедница да се промени власта со цел да се промени државниот систем и уредување, со крајна цел да се промени името и да се обезличи Македонија. Груевски не само што не попушти, тој остана исправен докрај, а ве уверувам и дека е спремен да остане на браникот на интересите на Македонија и македонските граѓани.“

Според новинарот Наум Стоилковски пак партијата  ВМРО ДПМНЕ направи максимум и избегната е граѓанска војна.

„ВМРО- ДПМНЕ направи максимум. Се друго ќе водеше кон два парламента и две влади. Едните признаени од САД, ЕУ и западот, другите, и без да бараат и посакуваат, ќе ги признаеше Русија. И? И едните и другите ќе не вооружеа и ќе не подржуваа со опрема, храна, вода и слично. Ние ќе се тепавме и масовно иселуваме.Некои надворешни центри очигледно беа подготвени и за тоа. Штом решија пред толпа народ пред парламентот брутално незаконски да го натераат Заев да го изгласа Талат, значи биле решени на се. “ заклучува Стоилковски .

 

 

 

 

08.05.2017 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега