Четврти ден грчкиот остров Санторини без струја

Жителите на Санторини се гневни од последниот испад во електричната мрежа, откако синоќа нова хаварија овој остров го остави без струја, соопшти грчкото радио Скај.

Четврти ден овој остров е во темница, а досега електрична енергија имаше само во некои реони, откако пожар во електроцентралата ја запре дистрибуцијата на струја.

Радиото коментира дека во владата е крената тревога и дека премиерот Андонис Самарас, кој во моментов е на одмор, на министрите за внатрешни работи и за туризам им наредил да заминат на островот и да дејствуваат за отстранување на оштетувањето и за обновување на испораката  на струјата.

Од грчката Национална електрична компанија уверуваат дека до вечер островот ќе добие електрична енергија за над 30 мегавати. И покрај тоа, компанијата побара од потрошувачите да ја ограничат потрошувачката на струја до најнеопходните нивоа, за да нема претоварување на мрежата. 

16:40

најчитано сега