Заев оствари средба со Бејли - еве за што разговараа

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.

Како што информираат од СДСМ, заеднички е констатирано дека демократските процеси е неопходно да продолжат со формирање на новата реформска Влада, што ќе обезбеди стабилност во државата и перспективи на Македонија кон НАТО и ЕУ, а со тоа и квалитетен живот за сите граѓани.

- Парламентарното мнозинство по изборот на новиот собраниски претседател ги презема следните чекори согласно Деловникот, Уставот и законите во процесот за формирање на новата реформска влада. Очекуваме Ѓорге Иванов да постапи согласно уставните задолженија и да го даде мандатот, истакнал  Заев.

Тој додаде дека СДСМ е посветена да ги реализира сите преземени обврски кон граѓаните за економска стабилност и развој на Македонија.

- Новата Влада ќе ги спроведе потребните реформи и ќе обезбеди, за сите граѓани, без разлика на политичката, етничката или каква било друга припадност, сигурна иднина, во праведна и унитарна Република Македонија. Иднината на Македонија се НАТО и Европската унија и одлучни сме да работиме на вредностите што водат кон тие интеграции, рекол Заев.

На средбата е осудено насилството во Парламентот и е констатирано дека сите политички субјекти мора да бидат на ниво на одговорноста и да овозможат мирен трансфер на власта и заштита на граѓанските и државните интереси.

 

 

 

05.05.2017 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега