ФОТО: Се роди бебе држејќи ја спиралата на мајката во рака

Луси Хелен од САД се шокирала дека воопшто забременила затоа што имала ставено спирала, а уште поголемо било изненадувањето кога малечкото момченце дошло на овој свет со спирала во рачето.

Глетката од фотографијата која со молскавична брзина се прошири по интернет е неверојатна – новороденче со спиралата на мама во рачето, кое како да сака да порача “Појак сум од ова парченце!”

Луси се шокирала кога го видела својот син, па рекла: “Иако не ја планирав оваа бременост сите сме пресреќни зарадо Декстер.”

Гинекологот спиралата и ја ставил во август минатата година, а дека е трудна дознала 18 дена пред Божиќ, што значи дека забременила неколку дена по ставањето на спирала. Декстер е роден на 27 април, неколку дена пред терминот.

 

 

 

 

05.05.2017 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега