Тројца загинати и 24 ранети во близина на пограничен премин

 

Најмалку три лица загинаа и 24 се ранети во судири меѓу авганистански и пакистански сили во близина на пограничен премин.

– Три лица меѓу кои и жена загинаа и 21 се ранети, изјави лекар од локалната болниза за ДПА. Три лица од авганистанската погранична полиција исто така се ранети во престрелките.

Двете страни меѓисебно се обвинуваат за тоа кој прв почнал со престрелката што почна утрово по локално време  во близина на граничен премин во југозападниот дел од Пакистан.

– Авганистанската погранична полиција отвори оган врз војници кои придружувале пописна комисија, соопшти пакистанското Министесртво за одбрана. Портпарол од авганистанските сили за безбедност изјави дека пакистанска пописна комисија работела на авганистанската страна од границата.

 

 

 

05.05.2017 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега