Тешка сообраќајна несреќа - скопјанец се бори за живот на скопските клиники

Четириесет годишниот А.Л. од скопско Батинци се бори за живот по сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на патот Скопје-село Батинци.

Од МВР денес информираат дека до несреќата дошло при судир на камион кој го управувал 34 годишниот М.Е. од Средно Коњаре и комбе управувано од повредениот А.Л.

Со возило на итна медицинска помош  бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде се наоѓа во животна опасност.

На местото на несреќата е извршен увид, а полицијата работи на целосно расчистување на сообраќајката.

 

 

 

05.05.2017 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега