Конечно- До крајот на месецов ќе можеме да пиеме кафе на Милениумскиот крст

Лифтот е веќе поставен и во овој момент се работи на изолација на целиот објект, по што ќе следува партерно уредување. Лифтот е тестиран и ставен во функција и ако дозволат временските услови, се очекува до крајот на месецот да бидат завршени градежните активности на Милениумскиот крст и тој да се стави во употреба за посетителите, велат надлежните од ЈСП-Скопје.

ЈСП најавува дека до крајот н месецов ќе завршат со активностите околу изградбата на Милениумскиот крст и скопјани конечно ќе можат да уживаат во оваа атракција, која ја очекуваат веќе 3 години.

Инаку, посетителите ќе можат да одат до врвот на крстот со лифтот, а од врвот ќе можат да уживаат во прекрасниот панорамски поглед. Лифтот е набавен од француска фабрика која се рангира меѓу најдобрите три во светот во изработка на вакви лифтови. Во лифтот ќе можат да се возат најмногу 10 лица одеднаш, а возењетоќе трае околу 1 минута.

Билетот за возрасни и деца над 14 години ќе чини 50 денари, а возењето на деца од 6 до 14 години ќе чини 20 денари. 

На врвот, посетителите освен што ќе уживаат во погледот ќе можат и да конзумираат храна.

 

 

 

04.05.2017 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега