ВМРО-ДПМНЕ: Груевски ја има максималната поддршка од партијата

Никола Груевски ја има максималната поддршка и на Извршниот и на Централниот комитет. Најважно од се е тоа што Никола Груевски е политичар кој има убедливо најголема доверба меѓу граѓаните, истакнува ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на информациите во некои медиуми за наводна смена на Груевски.

Никола Груевски, се вели во демантот, ја водеше партијата и во последната изборна победа на која мнозинството граѓани гласаа за програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на СДСМ Зоран Заев ги преплавува медиумите под контрола на Сорос со вакви лажни вести само за да ја дефокусира јавноста од внесувањето на знаме на Република Албанија во македонското Собрание.

 

 

 

04.05.2017 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега