Паника во Хрватска: Комуналци открија бомби покрај контејнер

Работници од комунално претпријатие крај контејнер во хрватското село Смилјанско Поле, во близина на Госпиќ открија две рачни бомби.

Се работи за две рачни бомби М75, една метална бомба од непознат модел и два пакета со муниции. Експлозивите се префрлени во склад на полицијата, по што ќе бидат уништени. 

Полицијата трага по сторителите.

ФОТО: Кирилица

15:39