Милошоски од кабинетот на Вељаноски: Ќе има кривични пријави - платформата од Тирана нема да помине
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на социјалните мрежи објави фотографија од атмосферата во кабинетот на Вељаноски.
Тој ги повтори и партиските позиции и најави кривични пријави.
Пратениците од коалицијата "За подобра Македонија" денес во Собранието ги реафирмираат следните позиции:
• секој Пратеник има мандат и должност да го почитува и штити Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија
• Ниедна политичка амбиција на политичар или политичка партија, ниедна Платформа заверена во туѓа држава, не дава право за кршење на Деловничката процедура како дел од демократијата во Собранието
• Обидот за избор на Претседател на Собранието со кршење на Деловникот и Законите е нелегален и ниеден политички притисок тоа не може да го покрие
• Против пратениците Мухиќ и Мисовски, кои превземаа неделовнички дејствија и предизвикаа политичко насилство, ќе поднесеме кривични пријави до надлежните институции
• На Македонија во овие тешки и многу чувствителни моменти не и потребен нелегален Претседател на Собранието, нелегална Влада и создавање на тешки политички преседани со формирање на паралелни институции спротивни на Уставот кои можат да предизвикаат штетни и непоправливи последици
• Платформата од Тирана не е поважна од Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија
• Пратениците во Собранието имаат мандат од граѓаните, граѓаните се носители на суверенитетот во Република Македонија и нивниот став е најбитен, без разлика дали е изразен на избори или на демократски протести
• Ниту политичкото насилство, ниту физичкото насилство во Собранието не се за оправдување, ниту пак заради насилни поединци некој има право целиот мирољубив народ да го нарекува терористи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа