Уште еден Македонец се враќа бесен од Грција - грчките насилници не запираат

 

Нов случај на оштетување возило е пријавено од страна на македонски државјанин кој престојувал во Грција, со што вкупниот број вакви инциденти летово достигна 56 случаи.

На граничниот премин „Богородица“, К.Т. од Неготино, кој управувал патничко возило „пасат“, со неготински регистарски ознаки, вчера пријавил дека во туристичкото место Јерисос му била одземена задната регистарска табличка. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.

Со овој новорегистриран случај, соопшти денеска МВР, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција евидентирани се вкупно 56 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 56-те оштетувања, кои ги пријавиле македонските државјани, 39 се кражби на регистарски таблички, од кои во 26 случаи се украдени двете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори со 6 кражби. По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега достигна до 14 случаи.

Од вкупниот број случаи, 36 се пријавени од страна на наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување 29 се од Скопје, а останатите од други места во државава.

најчитано сега