Тетово: „Вадете ги парите да не ве убијам“
Со калашников во рацете и маска на главата утрово околу 1:30 часот непознат маж влегол во бензинската пумпа „Џеги Петрол“ во тетовското село Џепишта и од вработените го побарал дневниот промет. Заканувајќи им се дека ќе ги убие, успеал да одземе околу 10.000 денари од касата по што побегнал во непознат правец. Настанот го потврдува и полицијата од каде информираат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на разбојникот.