Македонците нема повеќе да летуваат во Египет - агенциите ги откажаа сите аранжмани

Македoнските туристички агенции одлучиле повеќе да не испраќаат туристи во Египет, иако дел од аранжманите биле веќе уплатени, пишува Дневник.

Во моментов во Египет нема македонски туристи испратени преку туристички агенции. Од „Аурора“ за Дневник објаснуваат дека последната тура туристи се вратила пред една недела, а следната требало да тргне за два дена. Но, информираат од „Аурора“, турата е откажана.

- Проценивме дека ситуацијата не е безбедна и решивме да не ги носиме туристите. Во земјата веќе е прогласена вонредна состојба, така што препораките се да не се патува таму. Аранжманите за Египет одат преку Белград и с` уште се реализираат, но мислам дека деновиве и тие ќе бидат откажани, вели Никола Голубов од туристичката агенција „Аурора“ за Дневник. 

Дел од туристичките агенции во земјава ги откажаа турите за Египет уште на самиот почеток на кризата.

 

најчитано сега