Од говорницата на македонското собрание Ибраими повика на „оружена борба за татковината Албанија“

 

Целата македонска јавност виде како државниот удар што го изврши СДС на 27 април почна со интонирање на албанската химна од страна на Зеќирија Ибраими од говорницата на македонското Собрание, но ретко кој знае што точно пееше пратеникот на Беса.

Додека надвор пред Собранието десетици илјади граѓани протестираа против Тиранската платформа за која сметаат дека е опасна за опстанокот на државата, но и против избор на претседател на Собранието кој ја поддржува оваа платформа, внатре во македонскиот парламент пратеникот на Беса излезе на говорница и почнаа да ја пее албанската химна, на која останатите албански пратеници и дел од пратениците на СДС застанаа простум.

Скандалот е од невидени размери поради фактот што прво интонирање странски химни во државни институции е кривично дело и второ затоа што провокацијата беше свесно направена за да се предизвикана жестока реакција од луѓето надвор. Ибрахими тврдеше дека химната на Албанија ја пеел затоа што претходно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја пееле химната на Македонија.

Пратениците од коалицијата на Зоран Заев, кој им нуди нов живот на граѓаните на Македонија пеејќи ја албанската химна, всушност, повикуваа на „оружена борба за секој агол на татковината“ и се закануваа дека на тие простори немало место за нивните непријатели.

Еве што точно пееше Ибраими од Собраниската говорница:

Химна на Албанија, Химна за знамето, позната под името „Обединети под исто знаме“

Обединети околу знамето

Со една желба и една цел,

Сите му се заколнуваме Нему

Ќе се бориме за нашето спасение.

Од војна се воздржува само оној,

Кој се родил како предавник,

А оној кој е херој, не се плаши,

Тој гине, умира како херој!

Оружјето во нашите раце ќе го држиме

Бранејќи го секој агол на нашата татковина,

Нашите права нема да ги предадеме;

Овде за нашите непријатели нема место!!

До Господ кој велеше

Дека нациите ќе исчезнат од Земјата

Но, Албанија ќе живее,

За неа, за неа се бориме!

Во Тиранската платформа која Зоран Заев и СДСМ ја прифатија во целост се бара и менување на македонските симболи меѓу кои и химната со образложение дека во нив немало ништо обединувачко и дека тие не ги претставувале Албанците.

 

 

 

30.04.2017 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега