Голем пожар во скопско Грчец - во опасност цело село

Голем пожар вечерва избил во магацинза прехрамбени производи во скопско Грчец. Како што дознава Press24 на терен се голем број на полициски возила а меѓу нив може да се забележат и возила на Брзата помош. Бидејќи во магационот имало голема количина на масло за јадење, пожарникарите имаат голем проблем да го локализираат пожарот и да се справат со огнената стихија па во опасност се и куќите во селото. 
За сега нема информации за повредени.

15.08.2013 - 23:28