Јакимовски: Жерновски не ми е дораснат - на крајот ќе плаче

Сериозно размислувам за формирање нова партија. СДСМ е во лоша состојба и многу пријатели и соработници ме убедуваат дека е време да стартуваме нов политчки субјект. Градоначлникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во интервју за Нова Македонија вели дека почнува преговори за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет, бидеќи СДСМ е во „коалиција со гневот“

„Поминаа точно десет дена откако го чекаме СДСМ за одговор дали ќе сака да соработува со нас во советот на општината Карпош, но бидејќи сѐ уште немаме одговор, ние ќе почнеме разговори и преговори за функционирање на општинскиот совет со ВМРО-ДПМНЕ. Жалам што носат вакви погрешни одлуки, но советот мора да функционира, а ние мора да си бараме политички сојузник. Одлуката на социјалдемократите во Карпош да бидат опозиција само го потврдува нивниот поматен ум. Тие за партнер го имаат гневот. По 20 години владеење на СДСМ во Карпош, тие самите ќе си го инсталираат ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека тоа е политика далеку од умот“ - вели Јакимовски за Нова Македонија

За градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, вели дека не е дораснат да му биде коалиција.

„Андреј Жерновски не е дораснат да ми биде коалиција. Тој првпат во животот треба да почне нешто да работи и, за жал, започна да го работи со кавга. Очекувам по оваа негова помпезна расправија, полека но сигурно да се претвори во плачка и сигурно оној што ќе плаче ќе биде Жерновски. Не верувам дека претставниците на власта ќе му седат со скрстени раце. Ако што било се обиде има второстепени владини комисии, кои ќе ги поништуваат сите негови одлуки, така што мислам дека бадијала пука со ќорци. Наместо да се посвети на тоа што треба да го прави во наредниот мандат, тој започна со запирање проекти. Мојот и неговиот концепт за водење општина се сосема различни и нема зошто ние двајцата да бидеме некаква коалиција“ - вели Јакимовски

Целот оинтервју прочитајте го на Нова Македонија

најчитано сега