Луѓето на Црвенковски го уценуваат Заев

Најблиските соработници на црвенковкси го уценуваат Зоран Заев во замена за поддршка за лидерската трка да ги стави во најтесното партиско раководство, објавува Вест. Приврзаници на Заев за весникот велат дека собирите на Бихаќка за поддршка на Црвенковски воопшто не се спонтани и дека имаат поинаква приказна. Тие за Вест велат дека приказната за Црвенковски е завршена и дека најголемата опозициска партија дефинитивно ќе добие нов лидер. Сепак, луѓето на Црвенковски, како што пишува Вест, немале намера да го спасуваат лидерот, туку со протестите да си обезбедат простор за да се пазарат со Заев за ракводни позиции во партијата.
До средината на идниот месец се очекува да се официјализираат сите кандидатури за нов лидер на СДСМ. Според она што до сега е најавено, во трката влегуваат Зоран Заев со Радмила Шеќеринска, Игор Ивановски, Зоран Јовановски и поранешниот совентик на Црвенковски, Кире Наумов. Кој ќе биде нов лидер на СДСМ ќе се знае по Конгресот кој партијата го закажа на 2 јуни.

најчитано сега