„Стоп операција Сорос“ предупредува: Сорос и објави војна на македонската економија, започнува сценариото
Во наредниот период низ целата државата ќе бидат организирани бројни локални референдуми од страна на невладини организации кои и официјално се партнери на соросовата Фондација отворено општетство Македонија. Сорос започнува реализација на сценарио со кое практично објавува војна на странските компании кои пројавиле или ќе пројават интерес за инвестирање во државата, велат од организацијата „Стоп операција Сорос“.
Никола Србов истакна дека овие соросови организации ќе отворат многу сензитивни прашања за секој граѓанин, ќе манипулираат со чувствителни теми како што се здравјето и потомството. Србов додава дека сето ова е во пресрет на локалните избори, со што ќе се ловат гласови, ќе се креира јавно мислење.
Од огранизацијата „Стоп операција Сорос“ отворено ги кажаа целите на сценариото.
-Преку референдумите соросовите организации, кои се во коалиција со Социјал демократскиот Сојуз, уште од сега ќе ја започнат кампањата на СДСМ. Преку покренување на прашина за теми кои се од општ интерес, навидум позитивни и лесно приемчиви кај граѓаните, ќе се пренасочува гласачкото тело кон една политичка партија. Во исто време ќе се развива анимозитет и револт кој политичкиот опонент, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Соросовите организации преку овие референдуми ќе се обидат да ги спречат сите идни странски инвестиции кои треба да пристигнат во Република Македонија, а притоа ќе се обидат да ги затворат и веќе постоечките. Примарната цел на соросовите организации е уништување на македонската економија и најважно губење на енергетската независност. Целта е Македонија да стане целосно зависна држава и како таква да биде лесен плен и лесна за уценување во однос на надворешната и внатрешната политика, велат од „Стоп операција Сорос“.
Оттаму велат дека овие организации иако имале години наназад да ги покренат прашањата за кои сега распишуваат референдуми, тоа не го сториле што само покажува дека истите се активираат координирано од еден центар во моменти кога политичката криза го достигнува зенитот.
-Во моменти кога Македонија е исправена пред најголемите предизвици за нејзиното постоење, соросовите организации работат на сценариото македонскиот граѓанин да биде сиромашен, невработен и целосно зависен, само на таков начин Сорос се обидува Македонецот да ја прифати политиката која е на негова штета. Со овие референдуми целосно ќе се дефокусира јавноста од прашањето за Тиранската платформа и редефинирањето на нашата држава. Додека граѓаните ќе се занимаваат со беспредметни прашања, на терен ќе ни се спроведува она што е зацртано во планот на СДСМ. Сакаме да и укажеме на јавноста дека во наредниот период ќе биде под притисок со измислени теми и организирање референдуми, а во исто време во државата ќе се одвиваат антиуставни дејствија, вели Србов.
Тој додава дека истите организации кои беа изнесени во шемата на „СОС“ за текот на парите од Фондација отворено општество Македонија се ангажирани во организирањето на овие референдуми за што „Стоп операција Сорос“ ќе изнесе докази и детали во наредниот период.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа