Иванов нема да се сретне со Хојт Ји

 

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, на Први Мај во понеделник доаѓа во Скопје. Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов потврди дека нема да се сретне со него.

- „До Кабинетот на Претседателот на Република Македонија беше упатено барање за средба со заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, но со оглед на претходно утврдените обврски на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, нема можност за реализација на таква средба“ велат од неговиот кабинет за Радио Слободна Европа.

За време на посетата Хојт Ји ќе одржи средба со политичките лидери.

 

 

 

 

26.04.2017 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега