Хојт Ји на Први Мај нема да се сретне со претседателот Иванов
Брајан Хојт Ји, заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија во американскиот Стејт департмент, во понеделник, на 1 Мај, доаѓа во Македонија, потврдија од амбасадата на САД.
- Заменик-помошникот Ји на 1мај ќе допатува во Македонија каде на средби со политичките лидери ќе разговара за статусот на формирањето на влада, за билатералните односи и за потребните реформи во процесот на евроатлантските интеграции, се наведува во соопштението.
Дојче Веле дознава дека заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во американскиот Стејт департмент, нема да се сретне со претседателот Иванов.
Американскиот Стејт департмент минатата недела изрази загриженоста за состојбата во Македонија и побара фомирање влада без одлагање со цел земјата да продолжи со реформите на патот кон евроатлантските интеграции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа