Бомба во Прага: Експлозија ја потресе престолнината на Чешка

Во една од куќите во самиот центар во Прага одекнала силна експлозија. Несреќата се случила во близина на Националниот театар, а полицијата и пожарникарите веднаш пристигнале на лице место. 

„Пожарникарите стигнале на местото на експлозијата во центарот на градот, но се уште не може да ви соопштом дали имало уште детонации“, изјавил портпаролот на противпожарната бригада Павлин Адамцов. Судејќи по првичните информации, несреќата се случила околу 10 часот во една од куќите. Според информациите кои што доаѓаат од тамошните медиуми има и повредени. 

 

најчитано сега