Мексико: Десетмина загинати во вооружени пресметки

Десет лица загинаа во вооружена пресметка меѓу наркобанди во западната мексиканска држава Мичоакан. Во пресметките загинаа членови на единици за самозаштита, создадени недамна во реонот, откако локалното население ја обвини државата и федералната полиција, дека не го заштитуваат од криминалните групи. Овој реон е огромен центар за производство на метамфетамини. Во истиот се водат големи пресметки и се произведуваат огромни количества на наркотици во лабораториите кои се скриени во планините.