Фидел Кастро изјави дека е среќен што е жив

 
Откако во 2006 годинакубанските доктори изјавија дека нивниот лидер е неизлечливо болен, првиот човек на Куба Фидел Кастро изјавил дека е среќен што воопшто е жив. Тој во еден свој авторски текст кој бил објавен во партиското гласило „Гранма“ по повод 87 годишниот роденден изјавил дека се одлучил да се повлече од лидерската функција и истата да му ја предаде на својот пет години помлад брат Раул поради малкуто време живот кој што му останал. 
Во такви услови беше сосема нереално да се очекува дека ке можам да издржам уште еден седумгодишен мандат-пишува Кастро во „Гранма“.
Кастро дојде на власт по победата на по победата на кубанската револуција во јануари 1959 година. Се повлече од сите функции по дијагнозата на лекарите, а во февруари 2008 година, поднесе формална оставка од лидерската функција.
Брат му Раул, кој беше министер за одбрана иако го продолжува „патот на револуцијата“ започнат од неговиот брат Фидел, сепак, во изминатите години презеде низа мерки за промена на тврдата комунистичка линија,дозволувајки промени во економијата,со давање правото на лична сопстеност на Кубанците и овозможување да патуваат во странство.
Во авторскиот текст,Фидел Кастро за прв пат открива дека во осумдесетите години на 20 век,примил оружје од Северна Кореја,откако Советскиот Сојуз и неговиот тогашен лидер Јуриј Андропов го известиле дека повеке нема да го бранат комунистичкиот остров на Карибите.
Доколку бидете нападнати од САД ке мора самите да се браните-му рекол тогаш Андропов на Кастро.Тогаш Куба решила да набавува оружје од други земји,а од Северна Кореја примила 100 илади „Калашникови“ и многу миниција за „еден милион кубански борци“.
- Другарот Ким Ил Сунг тогаш ни прати многу оружје без да побара за тоа ниту еден цент-вели Кастро во својот напис во „Гранма“ што се појавува еден ден по неговиот роденден.
Признанието на поранешниот кувански лидер доаѓа по откривањето на кубанско оружје,скриено на еден севернокорејски брод во Панама.Експерти на ОН испитуваат дали со тоа е прекршено ембаргото на испракање оружје за режимот во Пјонгјанг.

најчитано сега