Концерт по повод Денот на АРМ на плоштадот Македонија

Во рамките на програмата за одбележување на 18 Август – Денот на АРМ, утре на плоштадот ,,Македонија“ во Скопје со почеток во 19 часот ќе се организира концерт на Воениот оркестар на кој покрај Воениот оркестар ќе настапат и естрадните уметници Драган Мијалковски, Есма Реџепова Теодосиевска, Мустафа Имери и Блага Петреска.

Програмата ќе биде збогатена и со настапот на фолклорната група на Детскиот културен центар ,,Карпош“ од Скопје, а свој настап ќе имаат и припадниците на баталјонот за почести на АРМ, кои ќе ја изведат точката ,,ЕГЗИРЦИР“ со која ќе ги демонстрираат нивните вештини и строева извежбаност во работа со пушка. На крајот, програмата е предвидено да заврши со настап на DJ Никифор.

ФОТО: Канал 5

 

 

 

 

16:02

најчитано сега