Обид за грабеж во обложувалница во Скопје
Синоќа во полициска станица во Скопје, Б.М. пријавил дека во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана во населба Хром на ул.„Адолф Циборовски“, засега непознато лице, маскирано со маска на главата, а во раката држело торба и пиштол, се обидело да влезе во обложувалницата. Откако пријавителот го забележал ја затворил вратата и не го пуштил внатре. Полицијата ги презема сите мерки за пронаоѓање на лицето.
22.04.2017 - 12:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа