Полицаец заврши на Ургентно - крвава драма во Прилеп
Нападнат полициски службеник за време на работна должност во Прилеп.Полициската станица од Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Р.(41) и уште едно лице на возраст од 17 години поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „тешка кражба“ во обид, „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Од страна на судија на претходна постапка на првопријавениот определена му е мерка притвор во траење од 8 дена. Имено на 20.04.2017 година околу 20:30 часот М.Д. излегол пред својата куќа и ги забележал пријавените како се обидуваат да извршат тешка кражба на акумулатор од ПМВ негова сопственост. Пријавените откако го забележале М.Д. се упатиле кон него и започнале расправија без повод и причина. Бидејќи М.Д. забележал полициско возило, му дал знак за да запре. Полицискиот службеник го запрел возилото и се упатил кон М.Д. и кон пријавените, кои оглушувајќи се на неговата наредба започнале со давање на активен отпор. По некое време пријавените биле совладани и приведени во полициска станица каде врз Р.Р. извршено е алкотестирање при што е утвдено присуство на алкохол од 1,59 промили. Полицискиот службеник се здобил со повреди нанесени од нож од пријавените и најпрво му била укажана лекарска помош во ИМП од каде бил препратен во Хирушко одделение во Општата Болница Прилеп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа