Еве кои ќе бидат неработни денови во мај

Министерството за труд и социјална политика објави денеска дека  и 6 мај-првиот ден по Велигден ќе биде неработен за сите граѓани на Македонија.

Исто така, 3 мај, Велики петок е неработен за сите граѓаните од православна вероисповед.

Неработен ден е и 1 мај, среда Денот на трудот

На работа нема да се оди ниту на 24 мај  Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Неработен ден е и 23 мај но само за припадниците на влашката заедница

најчитано сега