Баба си ги родила внучињата како сурогат мајка
Една жена од САД како сурогат мајка си ги родила своите внучиња. Се работи за Сузи Козисек од Ајова која ги родила своите внуки близначки како сурогат мајка.
53-годишната жена се одлучила да роди зашто нејзината ќерка Ешли Ларкин, поради хипертензија на белите дробови, не можела да ја поднесе бременоста.
- На телевизија слушнав за можноста за сурогат мајка и се одлучив тоа да го направам за мојата ќерка, изјавила Козисек.
14:55