Нападната владината зграда во Каиро

 

Стотици приврзаници на Муслиманско братство нападнаа владина зграда во Каиро, објави египетската државна телевизија.

Според медиумот, опожарен е влезот на објектот.

Египетските судски власти го продолжија денеска притворот на соборениот претседател Морси за уште 30 денови. Исламистичкиот претседател беше уапсен на 3 јули од страна на армијата. Тој се наоѓа на непозната локација под обвинение за убиства и шпионирање. 

14:45

најчитано сега