Секоја минута се зголемува бројот на жртвите во Египет - загинале 525 лица
Билансот на загинатите во вчерашните судири во Египет достигна 525 лица, изјави портпаролот на египетското Министерство за здравство, Халед ал Хатиб.
Бројот на ранетите лица исто така се зголеми и достигна 3.717 лица, додаде Хатиб.
Движењето „Муслиманско братство“ ги повика денеска своите приврзаници да излезат на нови протести во Каиро.
Египетските власти им предадоа на воените обвинители 84 лица од градот Суец, меѓу кои и членови и поддржувачи на „Муслиманско братство“, под обвинение за убиства и опожарување на цркви, јавија египетските медиуми.
14:36