ВИДЕО: Експлозија во Атина, градот блокиран - полицијата на нозе
Силна експлозија се случила во центарот на Атина откако експлозивна направа била активирана во експозитура на една банка, јавуваа грчките медиуми.Како што пренесуваат, околу 22 часот по локално време, локална телевизиска емисија примила анонимен повик со закана дека ќе се случи експлозија.Бомбата била подметната во влезот на експозитурата на „ЕвроБанк“ во зградата каде што се наоѓа и дел од управата на банката.Засега нема податоци за повредени, а според грчките медиуми, причинета е само материјална штета на банката и на околните објекти.Во анонимниот повик било кажано дека бомбата ќе се активира 35 минути од јавувањето и било предупредено луѓето да се тргнат од околината.По првичните информации кои ги пренесе атинскиот вест „Катимерини“, на местото на експлозијата се пронајдени остатоци од торбата во која најверојатно била оставена бомбата.Полицијата врши истрага, а блокирани се централните атински улици. Очевидци изјавиле дека на местото на инцидентот забележале две сомнителни лица.
Atina'daki Eurobank şubesi önüne bomba koyanlar patlamadan 40 dakika önce aşağıdaki videoyu yayınlayan siteyi arayıp haber vermiş.. pic.twitter.com/e8uR5NSZu0
— Faruk #EVET (@farukonalan) April 19, 2017
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа