ФОТО: Дождот не ги спречи граѓаните да излезат на улица за заедничка Македонија

Ниту дождот попладнево не беше пречка огромен број на граѓани да излезат на улиците во Скопје и да маршираат по добро познатата патека на државноста. Граѓаните јасно покажаа дека дождот нема да ги спречи да ја искажат својата љубов кон татковината и да порачаат дека немаат намера да прифатат спроведување на Тиранска платформа во Македонија, која земјата ќе ја однесе кон федерализација.

-Дождот може да ги растопи оние кои се направени од шеќер, а не од титаниум. Дождот може да ги избрише оние кои оставаат траг од креда зад себе, а не оние кои го сочинуваат црвено-жолтото море. Дождот може да ги поколеба оние со волја прицврстена со лак за коса, но не и оние кои од секоја пора дишат за Македонија. Затоа, денес го предводиме Маршот на дождот, напишаа денес од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на Фејсбук профилот.

zzm dozd6

zzm dozd5

zzm dozd7

-Сите со челичната волја и бескрајната љубов за Заедничка Македонија. Сите со чадори од дома, за да го направиме најголемиот чадор во Македонија. Не ни требаат чадори од надвор, бидејќи народот е чадорот на унитарна Република Македонија, на нејзиниот Устав и мултиетничко општество. Народот е чадорот на волјата искажана на избори, и нема да дозволиме никој да ја лизга иднината на Македонија со платформи правени во соседни држави. И ниту дожд, ниту виулици, ниту снегови ќе не поколебаат од нашата Патека. Македонија е будна и подготвена, пишува од иницијативата.

 

 

 

19.04.2017 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега