Заев на средби со четворица амбасадори
Парламентарното мнозинство од 67 пратеници е подготвено да ја реализира граѓанската волја за промени изразена на изборите на 11 декември, а чекорите што следуваат во брзо време се избор на нов претседател на Собранието и нова реформска Влада според деловникот на Парламентот, Уставот и законите.
Ова го изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев преку партиско соопштение откако одржа средби со амбасадорите на Германија Кристине Алтхаузер, на Велика Британија Чарлс Гарет, на Шведска Матс Стефансон и со амбасадорот на Холандија Ваутер Пломп.
На средбите било констатирано дека Македонија мора да продолжи со демократските процеси за стабилна иднина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа